Во Дебар денеска гласаат болни и изнемоштени лица

Дебар, април 2021

Пред утрешното гласање за градоначалник на Дебар, денеска правото на глас треба да остварат 70 болни и изнемоштени лица.

Во првиот круг од локалните избори гласале само 20 болни и изнемоштени.

Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до Општинската изборна комисија не е пријавено ниту едно заразено лице со ковид-19 или во изолација.

Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица а утре ќе се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните.

Вториот круг на локалните избори во Дебар се одржува утре, затоа што пред две недели се прегласуваше на едно избирачко место во првиот круг.

Граѓаните ќе бираат меѓу Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива и Хекуран Дука од ДУИ.