Ковид правилата за влез во Грција продолжени за уште две недели

Граничен премин Богородица на македонско-грчката граница

Актуелните мерки за влез во Грција се продолжени за уште две недели. За влез во земјата потребни се сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар. Луѓето кои се невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата, согласно новата министерска одлука на грчката Влада.

Истите ковид документи, со исклучок на PLF формуларот, задолжителни се и за влез во затворените објекти во Грција, со исклучок на супермаркетите, продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и црквите. Мерките воведени минатата сабота во Грција, важат и за туристите.

Нема промени ни во однос на граничните премини, како и досега, за влез од Северна Македонија, отворени се сите и работата 24 часа.