Во последните 24 часа се регистрирани 432 нови случаи на ковид-19 од направени 2.663 тестирања, а пријавени се 13 починати, информира Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа најмногу новозаболени се регистрирани во Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. Најмладиот најмладиот на 42 години, а највозрасниот на 90 години. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021 на возраст од 57-82 години.
Во последните 24 часа регистрирани сe 448 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.