Биљал Касами - Не сум изненаден од ништо

Билал Касами, претседател на БЕСА

Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Билал Касами пристигна во Собранието, со цел, како што изјави при доаѓањето, „да види што се случува“.

„И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува“, истакна Касами при влегување во парламентарниот дом, најавувајќи дека дополнително ќе даде изјава.

Касами додаде дека не е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев.

„Не, од ништо не сум изненаден“, додаде Касами.

Седницата за гласање доверба на владата не може да почне поради немање кворум, откако Кастриот Реџепи од Беса соопшти дека нема да учествува на седницата, и покрај тоа што неговата партија одлучи да гласа за соборување на владата.