Демонстрации во Глазгов- нема итност во борбата со климатските промени

Демонстрации во Глазгов против бавната реакција за климатските промени

Илјадници демонстранти протестираа во шкотскиот град Глазгов, втор ден на собирот на еколошките активисти, кои велат дека немало итност на климатската конференција за решавање на глобалното затоплување.

Демонстрантите, меѓу кои и студенти, активисти, политичари и синдикалци се собраа и покрај поројните дождови. Тие ги критикуваа компаниите дека придонесуваат за климатската криза и носеа транспаренти на кои пишуваше „капитализмот ја убива планетата“.

Организаторите и полицијата рекоа дека очекуваат до 50.000 луѓе да присуствуваат на протестите во Глазгов кои се организираат и ширум светот со барање за итна акција за заедниците веќе погодени од затоплувањето на планетата.

Делегати од речиси 200 земји присуствуваат на самитот за климатските промени именуван COP26 во обид за да изнајдат начини за спроведување на целите договорени со климатскиот договор постигант во Париз во 2015 година.

Шведската активска за заштита на животната среднија, 18 годишната Грета Тунберг конференцијата спонзорирана од Обединетите нации е „неуспех“.