Хрватскиот претседател Милановиќ ги отфрла оценките за можен конфликт во БиХ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги отфрли оценките дека БиХ е на работ на конфликт и оцени дека Милорад Додик е последниот проблем за таа земја. „Тоа е лага, не е на работ на конфликт, бидејќи немаат „леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени“, им рече Млановиќ на новинарите во Госпиќ на прашањето за извештајот на високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит кој оценува дека постои можност за враќање на конфликтот.

Обновени стравувања во БиХ: „На кој му е до војна нека ја има дома“

„Милорад Додик понекогаш е невоздржан и проблематичен, но тој е последниот проблем на БиХ, особено од перспектива на босанските Хрвати. Со Додик ќе се договориме за десет минути, не за поделба, туку за организација на БиХ“, додаде хрватскиот претседател.

Мировниот договор во БиХ е во опасност доколку меѓународната заедница не дејствува

Милановиќ рече дека го почитува Шмит, но дека прашање е „каков мандат има тој“ и „што може да прави со тие детски закани“. Тој оцени дека единствениот начин да се најде задоволително решение, е тоа дека „секоја страна има некого на кого му верува, а од друга страна на кого не му верува целосно“. „Не знам колку Бошњаците му веруваат на Александар Вучиќ, но Србите му веруваат, тоа ми е доволно“, рече Милановиќ.