Самит COP26: Над 40 земји ветија дека нема да користат јаглен

Илустрација

Повеќе од 40 земји се обврзаа дека ќе престанат да користат јаглен, како дел од ветувањата дадени на самитот за климата COP26, соопшти британската влада. Големите земји што користат јаглен, вклучувајќи ги Полска, Виетнам и Чиле, се меѓу оние кои се обврзаа на ваков потег.

Сепак, некои од најголемите земји зависни од јаглен, вклучувајќи ги Австралија, Индија, Кина и САД, не го потпишаа ветувањето.

Јагленот е најголемиот поединечен фактор што придонесува за климатските промени.

Потписниците на договорот се обврзаа да ги стопираат сите инвестиции во ново производство на електрична енергија од јаглен во земјата и странство. Тие, исто така, се согласија постепено да ја укинат енергијата на јаглен во 2030-тите во случајот на големите економии и во 2040-тите во случајот на сиромашните земји, соопшти британската Влада.

Десетици организации, исто така, го потпишаа ветувањето, а неколку големи банки се согласија да престанат да ја финансираат индустријата за јаглен.