ДИК - Мирни и демократски избори

Aлександар Даштевски, претседател на ДИК

Вчерашниот изборен ден помина мирно во демократска и фер атмосфера каде што беше слободно изразена волјата на секој гласач, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

„Изборите беа поразлични од сите претходни бидејќи пред сите нас имаше поинаква задача, успешно воведување на технологија за биометриска идентификација на гласачите. ДИК и сите чинители беа исправен пред голем предизвик. Оваа законска обврска за воведување биометриска технологија за првпат претставуваше голема привилегија, но и голема одговорност. Употреба на биометриските системи во изборните процеси овозможува да се пресретнат предизвиците вклучени во спроведување на принципот еден гласач еден глас, што е неопходно за одржување демократски, фер и транспарентни избори, рече Даштевски.

ДИК одржува прес-конференцијата на која треба да ги соопшти првичните официјални резултати од изборите.

Вчера во земјава се одржа вториот круг од изборот на локални власти.