Австралија ја отвори границата за прв пат од стартот на пандемијата

Членови на авионски екипаж со транспарент „Мелбурн, ни недостасуваше“ по пристигнување од Сиднеј на аеродромот Туламарин во Мелбурнж

Австралија од 1 ноември ги олесни ограничувањата за преминување на границата за прв пат од почетокот на ковид пандемијата и им дозволи на вакцинираните граѓани слободно да патуваат, што овозможи повторно обединување на многу семејства. По повеќе од 18 месеци спроведување на една од најстрогите гранични политики во врска со вирусот, милиони Австралијци сега можат да патуваат без потреба да добијат дозвола или да одат во карантин кога ќе се вратат во земјата.

Патувањето првично им е дозволено на австралиските граѓани, постојаните жители и нивните најблиски роднини, но постои план земјата целосно да се отвори за странските туристи и работници.

Првите патници пристигнаа рано на 1 ноември од Сингапур и Лос Анџелес, а многумина беа пречекани од расплакани пријатели и роднини што ги немаа видено со месеци. Патниците беа пречекани и од персоналот со специјални транспаренти, цвеќиња и колачи.