Жени од цела држава на бесплатен преглед во Дебар за откривање рак на дојка

Фотографија од одбележувањето на месецот на борба против рак на дојка во Дебар

Дебарските жени се добар пример како треба да се заштитуваме од ракот на дојката. Со почетокот со работа на ординацијата Флорина Руси Марке, специјализирана за рано откривање на рак на дојка, жените од најзападниот регион во нашава држава започнаа да вршат редовни контроли“, изјави за Радио Слободна Европа, познатиот македонски онколог Нино Васев, кој е ангажиран во работата на оваа дебарска ординација.

„За 18 години од кога е отворена ординацијата од страна на дебарското семејство Руси, кое живее во САД, реализирани се над 10 илјади контроли, и притоа во рана фаза откриени се 28 случаи на рак на дојка и сите случаи се излекувани“, истакна Васев од Дебар, на одбележувањето на месецот на борба против рак на дојка.

Видете и ова: Милионска опрема за третман на рак со години фаќа прашина во магацин

Тој потенцира дека токму оваа ординација опремена со врвна светска опрема врши бесплатни прегледи и дава голем прилог во раното откривање на ракот на дојката.

„Иселениците подборо е да инвестираат во вакви активности наместо во верски објекти“, рече Васев за РСЕ и додаде дека во оваа дебарска ординација контроли вршат голем број жени од сите градови од земјава, но и од Албанија.