До 15 часот гласале околу 34 отсто

Претседател на ДИК, Александар Даштевски

Гласањето се одвива мирно и без посериозни проблеми. Апаратите за отпечатоци од прст функционираат. Ова на прес конференцијата во 15 часот и 30 минути го соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Одзивот на гласачите до 15 часот е околу 34 отсто.

Даштевски упати апел за што поголема излезност на гласачите и изрази надеж дека до крајот на гласањето, во 19 часот, се ќе помине во најдобар ред.