Скоро двојно зголемена излезност во Битола во однос на првиот круг

До 9 часот излезноста во вториот круг од локалните избори во Битола изнесуваше над 7 проценти што е повеќе во однос на првиот кога имаше 4,5 проценти, соопшти Игор Талевски претседател на ОИК Битола. Отворени сите гласачки места и гласањето тече без проблеми. Имаше само две замени на уредите за отпечаток од прст.

„Претседателите и замениците на избирачките места стекнаа искуство во работата со апаратите за фингерпринт и сметаме дека во овој втор круг нема да има потешкотии при ркувањето со апартите. Од сите избирчаки места изнформациите се дека гласањето се одвива непречено“, рече Талевски.