Русија распиша потерница по Љубов Совол, соработничка на Навални

Руската опозициска активистка Љубов Собол.

Руските власти распишаа потерница по опозициска активистка Љубов Собол, која е блиска соработничка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални. Таа избега од земјата откако беше прогласена за виновна за кршење на мерките за коронавирус.

Името на Собол се појави во базата на податоци за барани лица на Министерството за внатрешни работи, со ознака дека е „барана по член од Кривичниот законик“.

Собол која има 34 години и е адвокатка, побегна од Русија во август, неколку дена откако беше осудена на 18 месеци ограничување на слободата. Судот во Москва ја прогласи за виновна за јавно повикување на кршење на санитарните и епидемиолошките безбедносни мерки. Таа ги прекршила мерките кога го организираше собирот во знак на протест против затворањето на Навални во јануари. Неколку соработници на Навални се прогласени за виновни по слични обвиненија.

Медиумите објавија дека Собол моментално се наоѓа во соседна Естонија.