Поранешниот претседател на САД Трамп со платформа за социјални медиуми „TRUTH“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе лансира сопствена апликација за социјални медиуми, TRUTH Social, за која рече дека „ќе им се спротивстави на големите технолошки“ компании како Твитер и Фејсбук кои му забранија да ги користи нивните платформи. TRUTH Social ќе биде создадена преку нова компанија формирана со спојување на групацијата „Трамп медиа и технологија“ и специјална компанија за аквизиција, се вели во соопштението за печатот што двете организации го објавија синоќа.

Трамп на суд бара Твитер да му ја прекине забраната на неговиот профил

„Живееме во свет каде што Талибанците имаат огромно присуство на Твитер, но вашиот омилен американски претседател е замолчен. Ова е неприфатливо", наведе Трамп во писмената изјава вклучена во соопштението. „Возбуден сум што ќе ја испратам мојата прва TRUTH (ВИСТИНА) за TRUTH Social многу наскоро“, вели Трамп. Социјалната мрежа, поставена за бета-лансирање во следниот месец и целосна реализација во првиот квартал на 2022 година, е првата од трите фази во плановите на компанијата, проследена со претплата за видео услуги наречена TMTG+ која ќе содржи забава, вести и подкасти, се наведува во соопштението за печатот.