НАТО ќе бара канали со Русија и покрај шпионската афера

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата сепак ќе треба да разговара со Русија откако Москва ја прекина дипломатската мисија во НАТО поради спор за шпионажа. Тоа значи потпирање врз телефонската линија помеѓу началникот на Генералштабот на Русија, Валериј Герасимов и Тод Волтерс, врховен командант на НАТО во Европа, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјавија официјални претставници и дипломати. Русија, исто така, ја остави отворена можноста за дипломатија преку својата амбасада во Белгија, иако формалните состаноци во форматот на Советот НАТО-Русија сега се замрзнати. „Односот меѓу НАТО и Русија сега е на најниско ниво од крајот на Студената војна. За нас, тоа всушност не е аргумент против дијалогот“, рече Столтенберг.

Русија ја затвора Мисијата во НАТО и ја укинува Мисијата на НАТО во Москва

Русија - Американски воен брод навлезе во руски води

Русија во понеделникот соопшти дека ќе ги прекине активностите на нејзината дипломатска мисија во НАТО, откако западната воена алијанса протера осум Руси, тврдејќи дека се шпиони. Москва ги отфрла сите обвинувања. Лавров, исто така, рече дека на вработените во воената мисија на НАТО во Москва ќе им биде одземена акредитацијата од 1 ноември, а информативната канцеларија на Алијансата во руската престолнина ќе биде затворена. Западот и Русија остануваат спротивставени околу Украина и дали НАТО има право да се прошири на исток, но седниците на Советот Русија-НАТО им овозможуваа на двете страни да изразат поплаки и да се обидат да избегнат какви било случајни судири во регионот.