Во изминатото деноноќие се регистрирани 421 нови случаи на коронавирус, а 8 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Според Регистарот на починати од ковид од Мој Термин пријавени се уште 5 починати во период од 6 до 28 септември, се вели во соопштението.
Направени се 2.900 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 211, Велес 25, Штип 26, Куманово 32, Кавадарци 19...
Регистрирани сe 395 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 6.602.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888.