Српската влада усвои стратегија за процесуирање на воени злосторства

Влада на Република Србија.

Владата на Србија ја усвои Националната стратегија за процесуирање на воени злосторства во Србија од 2021 до 2026 година, се вели во денешното соопштение на српската Влада.

Во соопштението се вели дека Сратегијата е усвоена бидејќи ефикасни судења за воени злосторства овозможуваат пристап до правда за жртвите, разјаснување на судбината на исчезнатите лица и негување на култура на сеќавање и дијалог, што се неразделни делови на владеењето на правото и карактеристиките на демократските општествата.

Со усвојување на оваа стратегија, Србија ја потврди подготвеноста да продолжи да гради партнерства и тесна соработка, како со земјите во регионот, така и со меѓународните институции, чиј мандат е тесно поврзан со спречување и казнување на воените злосторства, се вели во соопштението на Владата на Србија.

Министерството за правда на Србија на 7 септември го претстави предлогот за петгодишната Стратегија за гонење воени злосторства.
Претходната Стратегија важеше до 2020 година.