Азербејџан и Иран денеска се согласија да ја решаваат дипломатската криза преку дијалог среде тензиите што избија минатиот месец поради вежбите во близина на нивната заедничка граница и спорот околу можното израелско воено присуство во Азербејџан.
Двете страни денеска објавија дека ќе работат на деескалација на тензиите. До ова доаѓа откако министерот за надворешни работи на Азербејџан, Јехун Бајрамов и неговиот ирански колега, Хосеин Амир-Абдолахиан, телефонски разговарале минатата вечер.
Минатиот месец Иран се закани и обвини дека за израелско присуство во Азербејџан, кој наводно користел израелски беспилотни летала минатата година во битката со Ерменија за територијата на Нагорно-Карабах.
Баку негираше дека има израелско присуство во земјата.
По тоа, иранската војска организираше воени вежби во близина на границата со Азербејџан, што дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Азербејџан и Иран долго време беа во расправии околу поддршката на Техеран за Ерменија, но нивните пријателски односи почнаа да се влошуваат по заедничките воени вежби што азербејџанските војници ги спроведоа заедно со нивните турски и пакистански колеги минатиот месец.
Дополнително односите ги влоши и воведувањето царини од азербејџанските власти за иранските возачи на камиони кои патуваа за Ерменија.