Кумановци откопале гроб во потрага по накит

Илустрација

Кумановското јавно обвинителство поведе кривична постапка против 30 годишен маж поради тешка кражба. Осомничениот заедно со двајца соучесници вечерта на 10 октомври со лопати и ашов откопале гроб на градските гробишта во Куманово во потрага по златен накит.

„Осомничените го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел пронаоѓање на златен накит, особено златен ланец за кој имале сознанија дека се наоѓа на телото на покојната, меѓутоа при пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле“,се вели во соопштението од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Постапка се води и против другите двајца осомничени, кои во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.