Официјални претставници на Белата куќа, кои се обидуваат да ги ослободат глобалните тесни грла во снабдувањето што ги гушат американските пристаништа, автопати и железници, предупредуваат дека Американците може да се соочат со повисоки цени и некои празни полици оваа Божиќна сезона. Кризата со снабдување, делумно поттикната од глобалната пандемија на ковид-19, претставува политички ризик за американскиот претседател Џо Бајден.
Сенатот на САД пред одобрување на договорот за инфраструктурата од трилион долари
Белата куќа се обидува да се справи со тесните грла во снабдувањето што предизвикуваат инфлација, од месо до полупроводници, и формираше работна група во јуни, која се состанува неделно за да ги поттикне компаниите од приватниот сектор. Бајден планира денеска да се сретне со високи претставници за да разговараат за напорите за ублажување на тесните грла во транспортот пред да одржи говор на оваа тема. Неволјите од синџирот на снабдување ги оптоваруваат малопродажните и транспортните компании. Во меѓувреме, Федералните резерви минатиот месец предвидуваат стапка на инфлација годинава од 4,2%, многу над целта од 2%.