Предвремени избори во Ирак

Постери за кампањата за претстојните парламентарни избори се изложени во Багдад, Ирак. 3 октомври 2021 година.

Во Ирак се отворени избирачките места за предвремените избори, но набудувачите очекуваат гласањето да го бојкотираат многу граѓани кои не веруваат многу во официјалните ветувања за реформи.

Гласачките места беа отворени во 7 часот наутро по локално време на 10 октомври и треба да се затворат во 18 часот.

Набљудувачите на изборите од Европската унија и Обединетите нации треба да го следат гласањето, кое се одржува под силни мерки за безбедност.

Вкупно 3.449 кандидати се натпреваруваат за 329 места во Парламентот.

Во последните месеци, антивладини активисти беа убиени, киднапирани или заплашувани.

Некои луѓе за насилството ги обвинија вооружените про-ирански групи, од кои многумина се застапени во Парламентот.

„Ирачаните треба да имаат доверба да гласаат како што сакаат, во средина ослободена од притисок, заплашувања и закани“, соопшти мисијата на ОН во Ирак.

Изборите се сметаат за отстапка и компромис за помладите Ирачани, од кои многумина учествуваа во протестите што го зафатија Багдад и југот на земјата во октомври 2019 година, многумина со антиирански теми.