УЈП - Стружанец со најголема плата, заработувал по 142 илјади евра месечно

Највисоката месечна бруто плата лани изнесувала 142 илјади евра и ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали.

Според податоците од УЈП за поднесените годишни даночни пријави, највисоката годишна бруто плата во 2020 година изнесува 105,2 милиони денари или 1,7 милиони евра, односно 142 илјади евра месечно.

Најмладиот „милионер“ во земјава имал само седум години и остварил доход од закуп во износ од околу 1 милион денари или околу 17 илјади евра, а најстариот на возраст од 96 години со доход од 4.5 милиони денари(околу 75 илјади евра), исто така од закупнина.

Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32,2 милиони денари(околу 528 илјади евра) има ресенчанец, а највисок бруто доход од закуп од близу 50 милиони денари(околу 820 илајди евра) скопјанец. Највисокиот, пак, доход од вршење на самостојна дејност е 73,5 милиони (1,2 милиони евра) денари и го остварил скопјанец.