Се урна станбена зграда во Грузија

Спасувачки екипи на местото кадешто се урна зграда во Батуми, Грузија

Во грузискиот град Батуми денеска се урна дел од станбена зграда, а има и жртви, пренесуваат агенциите. Под урнатините на петкатната зграда има заробени лица меѓу кои и деца.

Екипи на брза помош, пожарникари и полиција се на местото на несреќата. Две деца, се пронајдени во паркиран автомобил. Едно од нив е полесно повредено.

Сите жители на зградата се евакуирани. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат спасувачки тимови со тешка механизација како ги расчистуваат урнатините.

Засега не е позната причината за несреќата. Некои сведоци велат дека уривањето на објектот е предизвикано од тековните поправки на вториот кат во зградата.