Регистрирани нови 393 случаи на ковид, починати 20 пациенти

Тестирање за ковид-19. Илустрација.

Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19. Оздравени 397 пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г,54г, 54г,69г,75г,80г ,81г,82г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга(56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.