Од алкохол починале 10 лица во Русија

Алкохол. Илустрација.

Властите во рускиот регион Урал соопштија дека масовното труење со алкохол кој содржел етанол предизвикало смрт на 10 лица во неколку села и градови. Според властите, едно лице е во болница и е во тешка состојба.

Гувернерот Денис Паслер им нареди на локалните власти да спречат продажба на отровниот алкохол во локалните продавници и апелираше до локалното население да избегнуваат да консумираат таков алкохол.

"Ги повикувам сите жители на регионот Оренбург да се држат настрана од купување и консумирање нелиценцирани алкохолни пијалоци. Тоа може да ве чини живот", се вели во изјавата на Паслер.

Труењето со алкохол е вообичаено во Русија, бидејќи луѓето бараат да заштедат пари за поевтини пијалоци. Во декември 2016 година, 78 луѓе починаа во и околу сибирскиот град Иркутск, откако испија мирислив лосион за бањи „Бојаришник“, кој содржи метанол, високо отровен индустриски тип алкохол.