Нови 406 случаи на ковид 19, починале 12 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на Ковид-19 и тоа: Во Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 6 починати лица со датум на смрт од 8.9.2021 до 3.10.2021 година. Починатите лица се 4 од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458, бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819