Бислимоски физички нападнат поради одземена лиценца

Приклучокот за парно ќе се намали за 25 проценти

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски синоќа бил нападнат во ресторан во скопското Дебар Маало. За инцидентот е известена полицијата.

„На 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на напаѓачот успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога напаѓачот го влече Бислимоски, а потоа си заминува од местото на настанот.

Според видеото кое е објавено на социјалните мрежи од инцидентот, напаѓачот е син на поранешниот функционер Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“. Очевидци спооделуваат видеа на социјалните мрежи и тврдат дека на нападот врз Бислимовски, претходела расправија поради незадоволството на Џафери што Регулаторна комисија започнала постапка за одземање лиценца на неговата фирма .