Османи: потребно е да се врати кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ

Бујар Османи, министер за надворешни работи на РСМ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Брдо, Словенија, денеска во Варшава се сретна со финскиот колега Пека Хависто.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи акцентот на средбата бил ставен на eвропската перспектива на Северна Македонија, за што Финска изразила целосна поддршка.

„Повеќе од потребно ни е да ја вратиме довербата и кредибилитет во процесот на проширување, како најважниот придонес кон стабилноста и безбедноста и на регионот и на целиот континент“, изјави Османи, потенцирајќи притоа дека земјава остануваме цврсто посветена на процесот на реформи во клучните области.

Двајцата министри разговараа и за развојот на билатералните односи, економската соработка, состојбата со КОВИД-19 и во двете земји како и други актуелни прашања., стои во соопштението.

Инаку, покрај Османи утре во Брдо ќе замине и премиерот Зоран Заев. Тој како што рече таму ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, премиерот на Словенија Јанез Јанша, претседателот на Бугарија Румен Радев, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон.