Макрон е за поголема улога на ЕУ во Индо-пацифичкиот регион

Американскиот претседател Xо Бајден разговара со францускиот претседател Емануел Макрон за време на пленарна сесија на самитот на НАТО во седиштето на НАТО во Брисел, 14.06.2021.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе им каже на своите европски колеги дека кризата со случајот АУКУС може да биде можност да им покажат на Соединетите држави дека Европската унија може да игра стратешка улога во Индиско-пацифичкиот регион, соопштија од неговиот кабинет. Одлуката на Австралија да го откаже договорот за подморници со Франција и да купи подморници дизајнирани од САД, како дел од новиот безбедносен сојуз со Вашингтон и Британија за да ѝ се спротистави на Кина, ја вознемири Франција и предизвика тензија меѓу западните сојузници.

ЕУ со критика за САД поради „недостиг на лојалност“ во кризата со подморниците

„Може да замижиме и да се однесуваме како ништо да не се случило. Мислиме дека тоа ќе биде грешка за сите Европејци“, изјави советникот на Макрон за новинарите. Земјите на Европската унија можат да играат стратешка улога во индо-пацифичкиот регион со Соединетите држави во однос на трговијата, безбедноста, одбраната и одбраната на слободата на навигацијата, рече официјалниот претставник, без да наведе повеќе детали.

Макрон ќе го врати францускиот амбасадор во САД

Макрон ќе учествува на самитот на ЕУ во Словенија, за време на кој ќе ги информира своите колеги за разговорот со американскиот претседател Џо Бајден во минатиот месец, откако Франција накратко го отповика својот амбасадор во Вашингтон. „Не сакаме да ги поттикнеме Европејците да направат еден вид избор помеѓу партнерството со САД или Европа да се сврти навнатре“, рече советникот на Макрон. Франција, со прекуокеански територии во Тихиот и Индискиот Океан и со стационирани 7.000 војници таму, се смета за индо-пацифичка сила.