Нови 412 заразени со ковид-19, пријавени 15 починати

Ковид-19 центар во Скопје

Министерството за здравство информирa дека во последните 24 часа направени се 3.379 тестирања се регистрирани 412 нови случаи на ковид19. Од нив најмногу во Скопје – 205, а потоа следуваат Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12,. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.

Починале 12 лица, најмладиот на 56 години, а највозрасниот на 85 години, сите во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 пријавени се уште три починати лица на возраст од 64 до 88 години кои починале во периодот од 25 август до 28 септември во домашни услови. Според информациите од Министерството за здравство регистрирани сe 395 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.