Посмртни останки на Албанци од масовна гробница во Србија предадени на Косово

Посмртни останки од локацијата Кижевак во Србија ѝ беа предадени на косовската делегација на граничниот премин Мердаре

Посмртни останки на седум лица од албанска националност, ексхумирани на локацијата Кижевак во Србија, вчера ѝ беа предадени на косовската делегација на граничниот премин Мердаре, објави Комесаријатот за бегалци на Србија. Бројни членови на семејството на убиените Албанци и граѓани беа присутни на преминот Мердаре од косовска страна, како и премиерот на Косово, Албин Курти. Косовската влада на 26 мај годинава објави дека најмалку девет останки на косовски Албанци биле ексхумирани во масовна гробница на локацијата Кичжвак кај Рашка во јужна Србија.

Ескобар - Драго ми е што се намалија тензиите во северно Косово

Ексхумацијата започна на 30 ноември лани. Локацијата Кижевак е петта масовна гробница откриена на територијата на Србија, и постои сомневање дека содржи повеќе од 18 тела на Албанци убиени за време на војната во 1999 година. Претставник на косовската делегација за исчезнати лица, Ибрахим Маколи наведе дека некои српски официјални лица изјавиле оти се сомневаат дека има 16 масовни гробници на територијата на Србија.