Абортуси, мито и куршуми
МАКЕДОНИЈА - МАКЕДОНИЈА - Сите граѓани кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот.
МАКЕДОНИЈА - Кумановската полиција привело лекарка откако извршила претрес во работните простории на Очно одделение при болницата во Куманово и патничко моторно возило опел астра, кое било паркирано во кругот на болницата. Претресот, според соопштението, е извршен поради основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката.
БУГАРИЈА - Бугарската потпретседателка Илијана Јотова изјави денеска дека Бугарија е под силен европски притисок да се откаже од своето вето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
АВГАИСТАН - Талибанците побараа да се обратат до светските лидери на состанокот на Генералното собрание на ОН оваа недела во Њујорк , што наиде на скептицизам од меѓународната заедница.
КОСОВО - Границата меѓу Косово и Србија и денеска, трет пат по ред беше блокирана од етничките Срби што протестираа против одлуката на властите во Приштина да започнат со отстранување на српските регистарски таблички од автомобилите што влегуваат во земјата.
РУСИЈА - Владата на Русија одобри мерки насочени кон преполовување на бројот на абортуси извршени во земјата до 2025 година, се наведува во документот објавен на нејзината веб страница.
УКРАИНА - Непознати напаѓачи отвориле оган врз автомобил што го превезувал Серхиј Шефир, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, при што го повредиле возачот. Полицијата денеска соопшти дека при нападот кон автомобилот биле испукани повеќе од 10 куршуми.
ПАЛЕСТИНА / ИЗРАЕЛ - Речиси 80 проценти од Палестинците сакаат оставка на палестинскиот претседател Махмуд Абас, што се смета за одраз на гневот на јавноста поради смртта на уапсен активист и задушување на протестите во текот на летото, покажуваат новите анкети.
РУСИЈА - Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ги повика своите поддржувачи да не се обесхрабруваат и покрај победата на владејачката партија на парламентарните избори, оценувајќи дека изборите се украдени поради фактот дека имало масовна проневера.