Во изминатото деноноќие се регистрирани 554 нови случаи на коронавирус, а 17 луѓе починале, меѓу нив на 33, 34, 36 и 40-годишна возраст, информира Министерството за здравство. Направени се 4.072 тестирања.
Најмногу нови случаи има во Скопје – 360, Охрид 132, Струга 105, Куманово и Струмица по 42...
Од починатите 17 лица, 10 се во Скопје на (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Регистрирани сe 891 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 187.622, бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.