Регистрации, попис, ковид и холандски тоалети

КОСОВО - Косово не пушта возила со српски таблички и бараа да нивна замена со времени, што предизвика тензични протести на граничните премини на северот од Косово кон Србија. Од Приштина испратија полиција и одговор дека ова е потег за реципроцитет, а во Белград свикаа итен состанок на Советот за безбедност.

ГРЦИЈА - Федерацијата на вработени во државните болници во Грција, со нов петчасовен прекин со работа и собири во Атина и Солун денеска протестираше против задолжителната вакцинација на здравствените работници.

РУСИЈА - Европскиот суд за човекови права пресуди дека Русија е одговорна за атентатот на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко во Лондон во 2006 година. Литвиненко, кој беше отворен критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се разболе на 1 ноември 2016 откако испил чај затруен со полониум 210, редок и многу радиоактивен изотоп. Тој почина неколку дена подоцна во болница.

КАНАДА - Канадскиот премиер Џастин Трудо освои трет мандат на функцијата, откако неговата Либерална партија освои најголем број места на парламентарните избори, но се пак не обезбеди мнозинство во Парламентот.

ШПАНИЈА / КАНАРСКИ ОСТРОВИ - Поради отворање на уште еден отвор на вулканот Кумбре Вијеха на шпанскиот остров Ла Палма, најголемиот од Канарските Острови, се евакуирани уште 500 луѓе, со што вкупниот број луѓе принудени да ги напуштат своите домови е зголемен на 6000.

МАКЕДОНИЈА - Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 септември 2021, до 20 часот, објави денеска Државниот завод за статистика.

ЕУ / РУСИЈА - Европската Унија изрази длабока загриженост поради односот на руските власти спрема опозицијата, цивилното општество и независните медиуми и ги повика да го променат односот.

БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА / ЕУ - Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. Како што јави МИА од Софија, за време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија Румен Радев и со министерот за надворешни работи Светлан Стоев.

ИРАН - Министрите од Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија деновиве ќе се сретнат со претставник на Иран во Обединетите Нации за да побараат продолжување на замрзнатите преговори за заживување на нуклеарниот договор од 2015-та година, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

ХОЛАНДИЈА - Посетителите на баровите во Холандија немаат обврска да покажат ковид-пропусница за седење на терасите, но ќе мора да имаат таков документ ако одат во тоалет, соопшти холандското министерство за здравство.