САД почнаа да ги протеруваат мигрантите од Хаити стационирани во Тексас

Мигранти ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико

Американските власти почнаа да протеруваат илјадници Хаиќани во нивната татковина од границата во Тексас, каде што тие се стационирани под мост, по преминувањето од Мексико. Првиот бран од повеќе од 320 мигранти вчера беа префрлени со три авиони до главниот град на Хаити, што можеби е најбрзо протерување на мигранти од големи размери во последните децении.

Американските власти планираат да протераат повеќе од 12 илјади мигранти од Хаити, стационирани околу мост во Дел Рио, Тексас, по преминувањето од Мексико.

„Работиме деноноќно за брзо преместување на мигрантите надвор од Соединетите Држави, во согласност со нашите закони и нашите политики“, соопшти американската погранична патрола.

Агенти за гранична контрола, исто така, се обидоа да ги затворат деловите на границата за да спречат повеќе премини преку реката Рио Гранде, која ги дели Мексико и САД.

Мексико соопшти дека исто така ќе започне депортирање на Хаиќаните во нивната татковина.

Брзиот одговор е масовно покажување на сила од претседателот на САД, Џо Бајден, чија имигрантска политика беше на удар на републиканците и колегите демократи.