Во Скопје конференција за борба против организираниот криминал и корупцијата

Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи, денеска организира завршна конференција насловена „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“.

Завршната конференција е активност која се спроведува во рамки на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организираниот криминал и корупцијата“, финансиран од Делегацијата на Европска Унија, преку ИПА програмата.

Целта на оваа конференција, според Коалицијата „Сите за правично судење“, е да се промовираат активностите и резултатите постигнати со имплементација на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетот на институциите во справување со организиран криминал и корупција“, како и да се иницира дискусија за напредокот во справувањето со организираниот криминал и корупција во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата.