Германските експерти вршеа увид во опожарената модуларна болница во Тетово

Германските експерти денеска започнаа со увидот во опожарената модуларна болница во Тетово. Нивната истрага треба да ги открие причините зад пожарот во кој животот го загубија 14 лица.

Германски тим од Федералната криминалистичка служба донесе своја опрема и е составен од двајца крим техничари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Изгоре ковид-центарот во Тетово, потврдени 14 починати

Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на Основното јавно обвинителство.