Визијата на државата за заштита на животната средина во постигнувањето на зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа животна средина со европското право, подготвеноста на државата и динамиката за искористување на предпристапните ЕУ фондови во областа, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина, беа во фокусот на разговорите што министерот за животна средина и просторно планирање ги имаше со делегација од францускиот Сенат.
Средбата е организирана во рамки на посетата на француската делегација на групата за меѓупарламентарно пријателство Франција-Западен Балкан на Сенатот на Француската Република.
Видете и ова: Електраните на јаглен продолжуваат со екстремното загадувањеСенаторката Марта Де Сидрак, претседателка на групата, ја истакна заложбата на француската влада за регионална соработка и поддршка во заложбите за заштита на животната средина во нашата земја. Министерот Насер Нуредини изрази задоволство од фактот што Франција е подготвена да биде наш стратешки партнер во заштитата на животната средина и климатските промени.
Целта на соработката е зајакнување на регионалната соработка, поддршка во евроинтегративниот процес и реформи за побрз одржлив економски и социјален развој, преку поддршка на еколошко одржливи проекти, компатибилни со Договорот од Париз.