Заев: Одлука за оставката на Филипче врз основа на експертскиот извештај

Еден ден после пожарот во модуларната ковид болница во Тетово каде загинаа 14 лица.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот форензички извештај од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, ќе донесе одлука во однос на оставката што ја поднесе министерот за здравство Венко Филипче.

„Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката“, изјави Зааев.

Во пожарот што во средата на 8 септемви ја зафати модуларната болница за болни од ковид во Тетово, загинаа 14 луѓе. Министерот за здравство Венко Филипче два дена по трагедијата понуди пишана оставка до премиерот Заев, велејќи дека таквата одлука ја донел од морални причини.

Претходно поради несреќата од функцијата се повлекоа и заменик министерот за здравство Илир Хасани и двајцата директори на тетовската болница Фљорин Бесими и Артан Етеми.

Истрагата за несреќата се уште е во тек. Од 14 загинати во пожарот, 12 луѓе беа пациенти.

Заев вели дека нема информации до каде е истрагата, а дека на неа работат експерти форензичари од МВР заедно со тимови од ДЗС и со луѓе од Германија. Тој рече дека очекува експертскиот извештај да ги даде сите одговори.