Чешка уапси руски државјанин баран во Украина

Илустрација, архивска фотографија

Чешките власти соопштија дека привеле руски државјанин Александр Франчети поради меѓународна потерница издадена од Украина. Руската амбасада во Прага денеска потврди дека е приведен руски државјанин на меѓународниот аеродром во Прага и дека обезбедува конзуларна поддршка за Франчети.

За Франчети е активирана потерница од Киев за наводна вмешаност во руската анексија на украинскиот регион Крим во 2014 година. Претставникот на руските сепаратистички власти во Крим Александар Молохов го потврди апсењето на Франчети.

„Чешка, очигледно, одлучи да го оправда своето вклучување во листата на земји кои непријателски се однесуваат кон Русија и да се поклони пред украинските неонацисти“,изјави Морозов.

Франчети беше активен учесник во настаните на Крим во 2014 година. Само неколку дена пред воената окупација на Русија во регионот, Франчети создаде паравоена формација наречена Северен ветер, која помогна да се заземат далноводи и гасоводи.

Во едно од неговите интервјуа Франчети изјави дека дејствувал во координација со поморската команда на Русија во пристаништето Севастопол на Крим. Чешките медиуми објавија дека Франчети живее во Прага од 2000 година, работејќи како тренер за фитнес. Тој вели дека никогаш не го прекршил меѓународното право.