Градоначалничката на Париз ќе влезе во трка за претседател на Франција

Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго денеска најави дека ќе се кандидира за претседателка на следните избори во 2022 година. Таа ќе игра на социјалистичка карта, иако изборните анкетите покажуваат дека таа има мали шанси да победи доколку не се обиде да ја обедини поделената Левица.

„Гледајќи ја сериозноста на времето во кое живееме сакам да внесам надеж во нашите животи, затоа решив да бидам кандидат за француските претседателски избори “, изјави 62 годишната Хидалго објавувајќи ја својата кандидатура на настан во градот Руан.

Хидалго стана првата жена што раководеше со француската престолнина во 2014 година и е меѓу ретките високи левичарски политичари кои произлегоа од промените на политичкиот пејзаж кој ги направи претседателот Емануел Макрон во 2017 година. Според изборните анкети Макрон има околу 8 проценти поддршка.