РКЕ одзеде лиценци на тројца трговци со нафта

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлуки со кои им ги одзема лиценците за вршење на енергетска дејност на три друштва за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, поради немање складишни капацитети за чување на резерви.

Регулаторната комисија му ја одзема лиценцата за трговија со Еуродизел БС на друштвото за градежништво, трговија и услуги Гуливер инженеринг . Потоа одземена е лиценцата за трговија со мазут на фирмата Пертинакс , додека на друштвото за трговија со технички гас и опрема Башино гас од Велес е одземена лиценцата за трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ), се вели во соопштението.

Причината за одземањето на лиценците се недостаток за посочените трговци на големо немаат складишни капацитети за чување на резерви на нафтените деривати, што всушност се основни средства и услов за вршење на енергетска дејност.

„Донесовме одлуки со кои ги одзедовме лиценците на тројца трговци за поединечни нафтени деривати за кои утврдивме дека не ги исполнуваат условите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.