Телефонски разговор меѓу лидерите на САД и Кина, Бајден и Џинпинг

Џо Бајден и Си Џинпинг во Вашингтон, 14 февруари 2012 година

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со неговиот кинески колега Си Џинпинг, прв пат по седум месеци. „Двајцата лидери имаа широка, стратешка дискусија во која разговараа за областите каде што нашите интереси се спојуваат и области каде што нашите интереси, вредности и перспективи се разминуваат“, се вели во соопштението на Белата куќа. Тоа беше втор телефонски повик меѓу нив откако претседателот Бајден ја презеде функцијата во јануари. Односите меѓу Кина и САД се напнати со години, околу трговијата, сајбер безбедноста и човековите права.

Кина ги критикува САД во пресрет на објавувањето на извештајот за потеклото на ковид-19


Исто така, постојат критики на САД за транспарентноста на Кина за потеклото на пандемијата на коронавирус, прашањата околу Тајван и територијалните спорови во Јужното Кинеско Море. Но, двете страни имаат многу области каде што можат да најдат заеднички интерес, вклучително и климатските промени и спречување на нуклеарна криза на Корејскиот Полуостров.

Тајпеј: 19 кинески авиони влегоа во зоната на Тајван

Кинеската државна телевизија објави дека Си му рекол на Бајден дека американските политики предизвикале „сериозни тешкотии“ и правилното справување со односите „е критично за иднината и судбината на светот“.