Погреб на Микис Теодоракис на Крит

Микис Теодоракис

Грчкиот композитор Микис Теодоракис денеска ќе биде погребан на островот Крит, по негово барање, објави Комунистичката партија на Грција. Тој почина во четвртокот, на 97-годишна возраст, по што избувна семејна расправија околу местото на неговото погребување. Неговата ќерка рече дека ќе биде погребан во селото Врахати, во близина на Коринт, каде што има куќа. Сепак, синот на Теодоракис изјави дека семејството ќе ја почитува желбата на починатиот. Во 2013 година, Теодоракис напиша писмо до градоначалникот на Ханија. Тој изрази желба да биде погребан на гробиштата во Галатас, западно од Ханија, од каде што потекнува неговиот татко.

Почина познатиот грчки композитор Микис Теодоракис

„Моето семејство не ја одобрува мојата желба, сепак, законот го признава правото на секого да одлучи каде ќе се одмори“, вели Теодоракис во писмото. Теодоракис имаше турбулентни односи со Комунистичката партија, која ја напушти кон крајот на 1960-тите, за да се врати десет години подоцна. Тој беше избран за пратеник во грчкиот парламент во 1990 година, како кандидат на конзервативната партија Нова демократија. Меѓутоа, во октомври 2020 година, тој испрати писмо до генералниот секретар на Комунистичката партија, Димитрис Куцумбас, доверувајќи му ја организацијата на погребот, за која вели дека ги поминал најважните години и дека „сака да го напушти светот како комунист“.