Шефовите на земјите од Западна Африка ќе разговараат за државниот удар во Гвинеја

Потполковникот Мамади Думбуја, шеф на специјалните сили на Армијата и водач на пучот, Конакри, 6 септември 2021 година,

Шефовите на земјите од Западна Африка денеска ќе одржат виртуелен самит за да разговараат за државниот удар во Гвинеја, соопштено е од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС). Во меѓувреме, војниците кои викендов ја презедоа власта во Гвинеја, го консолидираа своето инсталирање на армиски офицери на врвот од осумте региони на Гвинеја на разни административни области. Водачот на државниот удар Мамади Думбуја, поранешен офицер во француската Легија за странци, вети преодна влада на национално единство и „нова ера за управување и економски развој“. Но, тој сѐ уште не објасни што точно ќе значи ова, ниту даде временска рамка.

Во Гвинеја, пучисти го заробија шефот на државата и ги распуштија институциите

Со пучот во неделата беше соборен претседателот Алфа Конде, кој служеше трет мандат по измената на уставот за да си го дозволи, што според неговите противници, било незаконски. Од април годинава ова е трет пуч во Западна и Централна Африка, што предизвикува загриженост за враќањето назад кон воените власти во регион кој од 1990-тите направи чекори кон повеќепартиска демократија.