ЕУ повика на ослободување на сите политички затвореници во Белорусија

Марија Калесникова и Максим Знак, 06.09.2021.

Европската унија ги повика белоруските власти итно и безусловно да ги ослободат политичките затвореници во Белорусија, како и опозиционерката Марија Калесникова, која беше осудена на 11 години во затвор „за поткопување на националната безбедност“. ЕУ смета дека пресудата на опозицијата е „бесрамно непочитување на човековите права“. Покрај Калесникова, судот донесе и пресуда за кообвинетиот Максим Знак, кој беше осуден на десет години затвор. Им се судеше за „заговор за преземање на власта“ и „повик за дејствија што ја поткопуваат националната безбедност“.

Пресуди за белоруските опозиционери Калесникава и Знак

Калесникова е една од трите жени кои минатото лето учествуваа во претседателската трка против претседателот Александар Лукашенко. ЕУ проценува дека во Белорусија има повеќе од 650 политички затвореници. ЕУ воведе санкции против Лукашенко и неговата влада поради угнетување на опозицијата. Пресудата беше осудена и од опозицијата во Вашингтон, Лондон и Берлин.