Брнз - Да се обезбедат чесни правила за набавки за да се привлечат инвестиции

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Големите компании маневрираат низ лавиринтите на бирократијата и инвестираат во Северна Македонија, но малите се соочуваат со предизвици на пазарот. Треба да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Таа учествуваше на првиот панел од конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид“ и истакна дека ова не се однесување само на нашата земја, туку и на регионот.

Според амбасадорката, и во услови на пандемија македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Многу компании ги проширија своите капацитети и одлучија да инвестираат тука.