Талибанците тврдат дека ја презеле контролата врз провинцијата Панџшир

Припадници на Националниот фронт за отпор во долината Панџшир, Авганистан

Талибанците ја презедоа целосната контрола врз провинцијата Панџшир, последната област во Авганистан под контрола на силите на отпорот, изјави денеска портпаролот на исламистичката милитантна група, Забихула Муџахид. Сликите на социјалните мрежи прикажуваат талибанци како стојат пред портата на комплексот на гувернерот на провинцијата Панџшир.

Талибанците со ултиматум до борците во долинaта Панџшир

Засега нема информации од Ахмад Масуд, водачот на опозициската група која се спротивставува на талибанските сили.