Во Гвинеја, пучисти го заробија шефот на државата и ги распуштија институциите

Припадници на оружените сили на Гвинеја извршија државен удар

Припадници на оружените сили на Гвинеја кои вчера извршија државен удар го заробија претседателот Алфа Конде, прогласија распуштање на сите институции и воведоа полициски час низ целата земја. Тие, исто така, најавија дека гувернерите и началниците во регионот ќе бидат сменети со војници на тие позиции. Војниците ги повикаа сите претходни министри и шефови на државни институции на состанок во главниот град Конакри. Непојавувањето на секој ќе се смета за бунт против новата влада, изјави полковникот Мамади Думбуја на државната телевизија.

Гвинеја официјално прогласи епидемија на ебола

„Должноста на еден војник е да ја спаси земјата. Повеќе нема да му ја доверуваме политиката на еден човек. Ќе му ја довериме на народот. Заедно ќе го смениме Уставот“, рече Думбуја, обвиткан со националното знаме на Гвинеја и опкружен со осум вооружени војници. 83 годишниот Конде е на власт повеќе од една деценија. Тој забележа опаѓање на неговата популарност откако во минатата година побара трет мандат, велејќи дека ограничувањата на мандатот не важат за него. Пред да биде приведен Конде, имаше неколку часа силно пукање во близина на претседателската палата во главниот град Конакри. Подоцна се појави видео на кое се гледа како Конде е во воен притвор.