Нови 459 заразени со ковид и 21 починати

Ковид амбуланта

Во последните 24 часа регистрирани се 459 нови случаи на ковид-19 од направени 5.416 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје има 235 нови случаи, во Штип – 30, Тетово -26, Куманово и Струмица – по 19, Дебар – 13, Гостивар, Охрид и Кичево – по 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Прилеп – по 9, Крива Паланка и Струга – по 7, Радовиш – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Богданци – 3, Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по 2, Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 368 оздравени пациенти.

Пријавени се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г,), по 3 починати лица од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г, 59г) и Струмица (67г, 58г, 49г) , 2 починати лица од Кичево (67г, 67г) и по едно починато лице од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171.